На 28/29.01.22 во периодот од 22.00 до 03.00 часот полициски службеници од СВР Битола на подрачјето на СВР Битола спроведоа акциска контрола за управување возило под дејство на алкохол.
За време на контролата констатирани и законски санкционирани се 24 прекршоци. Притоа, најголемиот број од нив се на подрачјето на Битола – 14, на подрачјето на Прилеп – 6, на подрачјето на Ресен – 2 и по една на подрачјето на Демир Хисар и Македонски Брод. За време на контролата биле санкционирани и 26 останати прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.