Регионалниот центар за гранични работи југ поднесе кривична пријава против А.Д.(40) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. Имено, на 28.01.2022 во 06.05 часот на регионалниот пат Валандово-Струмица А.Д. со патничко моторно возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, во кое превезувал девет лица – мигранти од Сирија, излетал од коловозот, по што го напуштил местото на незгодата во која еден од мигрантите се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гевгелија.
По преземени мерки, на 01.02.2022 во 00.00 часот на регионалниот пат Гевгелија – Велес, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода пријавениот А.Д.. Од судија на претходна постапка на него му е одреден притвор во траење од 30 дена.