понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

МВР: Санкционирани 322 возачи за брзо возење

МВР: Санкционирани 322 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (17.08.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 322 возачи. Од нив, 29 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 143 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 179 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.