сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

МВР санкционираше 140 возачи во Скопје за еден ден

МВР санкционираше 140 возачи во Скопје за еден ден

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 140 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за технички не исправни возила во јавниот превоз.

Изречени се седум мерки за возење под дејство на алкохол, 13 санкции за нерегистрирани возила, седум мерки за непочитување на првенство на минување, четири санкции за возач почетник, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.