четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

МВР СО ДЕТАЛИ: Приведен криминалец баран со потерница за убиство

МВР СО ДЕТАЛИ: Приведен криминалец баран со потерница за убиство

Полициски службеници од ЕВР Кисела Вода-Отсек потраги и Единицата за интервентна полиција денеска околу 19 часот го лишија од слобода А.А. (37) од с.Мојанци, скопско.

Како што соопшти МВР, за А.А. била распишана потерница на Основен Кривичен суд – Скопје за убиство поради што требало да издржува казна затвор од 20 години.

А.А. ќе биде предаден на казнено поправна установа, информираат од МВР.