На 06.05.2019 година околу 21 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „АВНОЈ“, по завршување на кошаркарскиот натпревар помеѓу екипите на „МЗТ Скопје“ и
„Работнички“, лицe фрлилo камен кон автобус што ги превезувал навивачите на кошаркарскиот клуб „Работнички“, при што скршил прозорско стакло. Притоа, Х.Н.(17) и М.Б.(17), двајцата од Скопје, се здобиле со повреди и им била укажана помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.