Утринава во 07,30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на железничкиот премин од Ѓорче Петров кон село Кондово се случила железничка незгода, односно воз удри во автомобил, по што возачот на автомобилот бил повреден и пренесен во болница.
Патнички воз кој сообраќал на релација Тетово-Скопје управуван од С.М.(50) од Скопје удрил во патничко моторно возило “Мазда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.С.(22) од Скопје.
Со повреди се здобил Ф.С. и бил пренесен во Градската општа болница “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.