Во СВР Тетово денеска околу 8 часот било пријавено дека во стан на улица „Кеј Вардар“ во Гостивар настанал пожар.
Како последица на пожарот, со повреди се здобиле 35-годишната С.Т. и нејзино малолетно дете и биле пренесени во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош.
Лекарите констатирале смрт на детето, додека С.Т. била пуштена дома. Со интервенција на гостиварската Територијална противпожарна единица пожарот бил целосно локализиран.
Јавен обвинител и екипи од МВР и СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ќе вршат увид на местото на пожарот, а по наредба на Јавен обвинител на телото на малолетникот ќе се врши одбукција.