сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

МВР со детали за трагедијата во зградата на ФФМ

МВР со детали за трагедијата во зградата на ФФМ

На 20.08.2019 во 16.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „АСНОМ“, В.П.(56) од Скопје, вработен во приватна фирма, додека извршувал работни задачи со кран на зградата на ФФМ, паднал и од здобиените повреди починал на местото на настанот.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а при падот на кранот биле оштетени две возила „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки.

Увид извршила екипа од СВР Скопје, а за настанот бил известен државен трудов инспектор и јавен обвинител.