понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

На Центарот за култура во Кичево истакна албанско знаме, кривична за директорот

На Центарот за култура во Кичево истакна албанско знаме, кривична за директорот

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.О.(44) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на угледот на РМ“.

Тој, на 25.03.2021, како директор на Национална установа – Центар за култура „Кочо Рацин“ – Кичево, државна институција под Министерството за култура, дозволил во просториите на библиотеката „Кочо Рацин“ да се постави табла, каде се истакнати име и грб на странска држава со натпис на албански јазик, без да бидат истакнати името, грбот или знамето на Република Македонија, обележја на општина Кичево или на Министерство за култура.