ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Г.К.(43) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.
Во текот на 2021 година во атарот на Центар Жупа, пријавениот узурпирал земјиште со вкупна површина од 456 м2 во државна сопственост и на него изградил куќа со што го оштетил буџетот на Република Македонија за 902.880 денари.