СВР Струмица, поднесе кривична пријава против Н.С.(28) од с.Воиславци, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување и употреба на наркотични дроги“.
Пријавениот на 21.10.2022 им продал марихуана и амфетамин на две лица и им овозможил да ја употребат во неговото патничко возило „ауди“.