вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

На граница уапсен жител на скопско Кондово: Сакал да избега во Косово бидејќи во Македонија се барал за издржување казна затвор

На граница уапсен жител на скопско Кондово: Сакал да избега во Косово бидејќи во Македонија се барал за издржување казна затвор

На 07.06.2022 во 17.45 часот на граничен премин „Долно Блаце“, полициски службеници го лишиле од слобода Т.М.(26) од с.Кондово, скопско, затоа што се обидел илегално да ја напушти државата и да премине во Република Косово.

При проверка било констатирано дека е евидентиран во службена евиденција како лице по кое е распишана потрага од СВР Скопје за доиздржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.

Лицето е предадено на полициски службеници од Полициско одделение Мирковци, по што било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.