На 29.08.2018 година на Граничниот премин„Ќафасан“ на влез во Р.Македонија бил лишен од слобода Д.Л.(41) од Р.Албанија, затоа што за истиот имало распишана меѓународна потерница од Интерпол-Виена, со цел екстрадиција во Австрија за сторено кривично дело – “вооружен грабеж“, информираат од МВР.
Од полицијата известуваат дека истиот бил изнесен пред Основното јавно обвинителство Струга и предаден на Основниот Суд Струга, каде на 30.08.2018 година му била одредена мерка екстрадиционен притвор во траење од 30 дена, по што е предаден во Казнено поправната установа “Затвор Охрид“.