Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 31-годишниот М.М. од село Радолишта-струшко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.
На 02.07. околу 03.45 часот кај селото Франгово пријавениот се понудил да му помогне на Ѓ.А. (48) од Крушево, при отстранување на дефект на минибус кој го управувал истиот.
Потоа двајцата се упатиле на бензинска пумпа во близина на населбата Теферич, и пријавениот му побарал на пари на Ѓ.А. затоа што му помогнал, по што физички го нападнал и му одзел 2.500 денари.