На 14.05.2019 година во 14.45 часот на паркинг простор на ул.“23-ти Октомври“ во Скопје, патничко возило „Фиат Добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(35) од Скопје, удрило во двегодишно девојче од Скопје.
Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди и со истото возило било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски каде му била укажана лекарска помош.
Во 15.20 часот детето им подлегнало на повредите. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, информираат од МВР.