сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

На подрачјето на Бит Пазар приведен крадец баран со централна потерница

На подрачјето на Бит Пазар приведен крадец баран со централна потерница

Денеска (04.10.2023) во 10.50 часот на ул.„383“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Е.(45) од Скопје.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор од една година за сторено кривично дело „кражба“, по член 235 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во Полициска станица Бит Пазар за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.