понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

На скопјанец му пукале во влезната врата од станот- нашол чаури во ходникот

На скопјанец му пукале во влезната врата од станот- нашол чаури во ходникот

Синоќа околу 23 часот во Скопје, Б.Р. (58) пријавил дека на улица „Јане Сандански“, на влезната врата од станот има оштетувања од неколку проектили од огнено оружје и неколку чаури во ходникот пред влезната врата.

Нема повредени лица. Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.