Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог против 31-годишна скопјанка за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетата, на 5 мај, на шалтер за проверка на пасошите на Меѓунарoдниот аеродром Скопје, прикажала фалсификувана исправа – медицински сертификат за негативен тест на SARS-CoV-2 вирусот. Иако знаела дека не се тестирала во наведената лабораторија и дека таков сертификат не и е издаден, таа лажната исправа ја употребила како вистинита.