На 24.04.2022 во 23.50 часот на граничен премин „Табановце“, полициски службеници го лишиле од слобода B.J.(56) од Република Србија затоа што при извршени проверки било констатирано дека возилото „мерцедес“ со полски национални ознаки, кое го управувал, било предмет на потрага по Интерпол Варшава.
Лицето и возилото биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.