Царинските службеници на граничниот премин Табановце завчера на влез во државава спречија обид за шверцување на 30 килограми ароматизиран тутун за наргиле, информираат од МВР.
– Возилото со македонски регистарски таблички управувано од македонски државјанин поради основано сомневање е селектирано за детален преглед, при што се пронајдени 120 кутии по 250 гр ароматизиран тутун за наргиле, кои лицето не ги пријавило, соопштуваат од полицијата.
Од МВР истакнуваат дека со ова е спречен обид на пуштање во промет акцизна стока за која е избегнато плаќање на давачки во износ од над 65 илјади денари.
– Стоката е привремено задржана, а против лицето се поднесени соодветни пријави до надлежните институции, велат од МВР.