четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

На територија на СВР Битола казнети 45 возачи

На територија на СВР Битола казнети 45 возачи

На 25.02.2022 полициски службеници од СВР Битола спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Битола, при што санкционирани се 45 возачи. 18 санкции се изречени на територија на Демир Хисар, 13 санкции на територија на Ресен, седум на територијата на Македонски Брод, една санкција на територија на Прилеп и шест санкции на територијата на Битола.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.