На 26.07.2022 во периодот од 18-24часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 46 возачи на моторцикли од кои 27 Битола, 13 Прилеп, 3 Демир Хисар,2 Македонски Брод и 1 во Ресен.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.