Денеска (31.01) во времето од 10-14 часот полициски службеници од СВР Битола спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Битола, при што санкционирани се 39 возачи. 15 санкции се изречени на територија на Битола, 12 санкции на територија на Ресен, по 4 на територијата на Прилеп и Македонски Брод, по 2 санкции на територија на Крушево и Демир Хисар.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.