Утрово од 8 до 12 часот полициски службеници од СВР Куманово спровеле засилена акциска контрола за санкционирање возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната на територија на СВР Куманово, при што санкционирани се 67 возачи.
Како што соопштија од МВР, засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.