На 19.03.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 109 прекршоци, од кои 56 надвор од населено место и 53 во населено место. Од нив, 28 на подрачјето на Штип, 22 Делчево, 18 Кочани, 16 Виница, 10 Пробиштип, 10 Свети Николе и 5 Берово.
На 18/19.03.2023, во периодот од 22.00 до 03.00 часот, била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа биле санкционирани 13 возачи. Санкционирани биле и 22 други видови на прекршоци, од кои 11 за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирано возило, 4 за возач почетник и 5 за некористење сигурносен појас.