На 28.12.2022 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 11 прекршоци, од кои 10 во населено место и 1 надвор од населено место.
На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 20 други видови на прекршоци, од кои 3 за управување возило без возачка дозвола, 3 за нерегистрирано возило, 1 за возач почетник, 6 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за некористење сигурносен појас, 1 за непрописно престигнување и 5 за непрописно паркирање.