вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

На територија на СВР Штип казнети 77 возачи

На територија на СВР Штип казнети 77 возачи

Денеска (28.08.) во периодот од 08 до 13 часот полициски службеници од СВР Штип спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Штип, при што санкционирани се 77 возачи.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.