понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

На територија на СВР Тетово казнети 43 возачи за непропуштање пешаци

На територија на СВР Тетово казнети 43 возачи за непропуштање пешаци

На територијата на СВР Тетово денеска од 12 до 17 часот е спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, при што се казнети 43 возачи.

Министерството за внатрешни работи информира дека продолжува со засилените акциски контроли и апелира до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

-Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, соопшти МВР.