Денеска (28.12.2021) во периодот од 08.00 до 20.00 часот на територијата на СВР Велес спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 21 возач. Од нив 14 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а седум надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.