петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

На територија на СВР Велес за брзо возење казнети 51 лице

На територија на СВР Велес за брзо возење казнети 51 лице

Во текот на вчерашниот ден (24.05.2022) на територијата на СВР Велес спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 51 возач.

Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.