среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

На вонреден технички преглед упатени 98 товарни моторни возила 

На вонреден технички преглед упатени 98 товарни моторни возила 

Во текот на вчерашниот ден (07.02.2023) во периодот од 08:00 до 12:00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи при управување на товарни моторни возила.

При контролата 98 товарни моторни возила биле упатени на вонреден технички преглед од кои неисправни биле 31 товарно моторно возило и тоа: 19 за техничка неисправност на уредот за запирање, три за претовар, 10 за неисправни составни делови и опрема, а двајца возачи управувале со неисправни светлосни уреди.

При контролата санкционирани се и 121 останат прекршок.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.