На 23.12.2019 полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Б.(25) од Куманово затоа што кај при преглед кај него биле пронајдени и одземени 3200 парчиња пиротехнички средства – петарди. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 23.12.2019 околу 21:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово на импровизирана тезга, поставена на градскиот плоштад во Тетово, пронашле и одзеле над 2000 разновидни пиротехнички средства, најголем број петарди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.