четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Најден канабис во нива кај тетовско Јанчиште

Најден канабис во нива кај  тетовско Јанчиште

Нива засадена со канабис најде полицијата во Јанчиште, Тетовско. За два дена ова е втор ваков случај откако ден претходно во Теарце беше најдена нива со стотина стебла канабис.

-Во периодот од 14 до 17 часот, при преземање службени дејствија, полициски службеници од СВР Тетово на место викано „Брешчиња“, атар на Тетовско Јанчиште, во нива пронашле насади од канабис. Извршен бил увид, а насадите биле подигнати за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Тетово.