На 20.10.2023 во периодот од 12:00 до 16:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во деловно-трговски објект во Тетово, што го управувал В.А.(45) од с.Здуње, гостиварско.
При контролата биле пронајдени и одземени 5 лаптоп компјутери и 19 други компјутери за кои В.А. не поседувал потребни документи.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.