петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Најнови детали од МВР за дојавата за бомба во Скопје Сити Мол

Најнови детали од МВР за дојавата за бомба во Скопје Сити Мол

Од МВР вечерва соопштија дека денеска во 12:04 часот лицето Љ.Л. која рaботи како мониторинг во Скопје Сити Мол пријавил оти на одговорниот на обезбедувањето на објектот С.Д. на мобилен му стигнала порака „Напуштете го молот веднаш има бомба“ испратена од „глобфоне.ком“.

На лице место биле испратени полициајци од ПС Карпош, тимови Алфа, униформирани полициски службеници од БПС, Антитероризам. По преземени оперативно тактички мерки од страна на Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР-Скопје утврдена е IP адресата од WI-FI рутерот на кој бил поврзан мобилниот телефон од кој што е пратена пораката, по што е утврден и телефонот како и лицето кое ја пратило пораката.

Од страна на полициски службеници од Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР-Скопје од слобода се лишени лицата П.Ц. роден 2000 година, со живеалиште во Ѓорче Петров и А.Д. роден 2000 година со живеалиште с.Волково, Скопје и двајцата вработени во агенцијата за обезбедување „ОСА“ како обезбедување во ТЦ „Сити Мол“.

Од истите одземени се мобилни телефони кои ќе бидат предадени за вештачење.