вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Наместо дивеч ловџија го погодил во гради пријателот

Наместо дивеч ловџија го погодил во гради пријателот

Во Полициската станица Струмица вчера било пријавено дека во 08.00 часот на место викано „Чепели“, атар на село Раборци, струмичко, Н.Н.(64) од Струмица, додека бил на лов заедно со други лица, бил погоден од ловен патрон во пределот на градите.

-Според пријавеното, патронот бил испукан од М.Ш.(69), со кого биле заедно во лов, но го погодил Н.Н., кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од МВР.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица.