недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Нападнал вработени во ПОЦ поради поставен блокатор

Нападнал вработени во ПОЦ поради поставен блокатор

Во Полициската станица Центар, С.С.(28) од Скопје, вчера пријавил дека околу 09.30 часот на ул.„Рајко Жинзифов“, додека бил на работното место во ЈП „Паркинзи“ – општина Центар, тој и Р.Р., исто така, вработен во јавното претпријатие, биле нападнати со метален предмет од И.Б., информира МВР.

Според пријавата нападот се случил поради поставен блокатор на неговото возило.

И.Б. ги оштетил и блокаторот и службеното возило на јавното претпријатие. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.