На 21.03.2022 околу 13:00 часот во Полициската станица Драчево, А.М.(55) од с.Тисовица, општина Зелениково, пријавил дека околу 12:30 часот, додека бил на работа како шумочувар во ЈП„Национални шуми“ и се движел со возило кон с.Смесница, општина Зелениково, бил физички нападнат.
Според пријавата, бил нападнат од Н.К., кој со уште две лица го пресретнал со патничко возило „опел фронтера“.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.