четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Нападнат возач на ЈСП синоќа во Скопје

Нападнат возач на ЈСП синоќа во Скопје

Синоќа во 22:50 часот Б.М.(54) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 22,30 часот на улица „2“ во село Визбегово додека управувал автобус сопственост на ЈСП (линија бр.18) бил пресретнат од патничко моторно возило “Форд“ и од страна на две лица бил физички нападнат, инфомираат од МВР.

Причина за физичкиот напад било непропуштање на возилото “Форд“ кое влечело друго возило.

Од полицијата велат дека се работи на расчистување на случајот.