СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Н., Д.С. и Р.Џ., сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Пријавените, на 02.06.2022 во угостителски објект на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, по расправија, започнале меѓусебна физичка пресметка, по што Д.С. физички го нападнал и С.А. од Куманово.