СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј. А.(22), В.М.(20), А. Е.(22) и двајца малолетници, сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство’’.
На 31.05.2022 на булевар „Илинденска“ во Тетово, поради нерасчистени меѓусебни односи, пријавените физички нападнале две лица од Тетово.