четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Не ги почитувал ковид мерките, жител на тетовско не бил во својот дом и покрај изолацијата

Не ги почитувал ковид мерките, жител на тетовско не бил во својот дом и покрај изолацијата

СВР Тетово поднесе кривична пријава против З.Т.(40) од с.Раотинце, тетовско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест’’.

На 14.01.2022 полициски службеници од Полициско одделение Јегуновце, при вршење на редовна контрола за проверка на лица во однос на почитување на ковид мерките, констатирале дека пријавениот не бил во својот дом, со што не го почитувал решението за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.