сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

НЕ ИМ ДОАЃА УМ – повторно гостиварци позитивни на корона бегаат од Македонија, еве каква казна ќе следува за нив!

НЕ ИМ ДОАЃА УМ – повторно гостиварци позитивни на корона бегаат од Македонија, еве каква казна ќе следува за нив!

На 18.08.2021 во периодот од 10 до 20 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, во рамките на редовните контролни активности на лица со решенија за изолација издадени од Државен санитарен и здравствен инспекторат, утврдиле дека вкупно 4 лица од Гостивар и гостиварските села Чегране, Беловиште и Мало Турчане, иако имале решенија за изолација и домашно лекување, не ги почитувале решенијата и заминале надвор од земјата.

Против лицата, од кои две се машки и две женски, на возраст од 24 до 74 години, ќе бидат изготвени соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ согласно член 206 од Кривичниот законик.

Во овој период, исто така, било утврдено дека едно малолетно женско лице од тетовско Вешала со решение за изолација ја напуштило земјата. И против малолетничката ќе следува поднесок.