сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Не лутајте за џабе на Бит-пазар: Еве што заплени полицијата во пресрет на новогодишните празници

Не лутајте за џабе на Бит-пазар: Еве што заплени полицијата во пресрет на новогодишните празници

На 20.12.2020 во периодот од 10.00 до 16.00 часот, на подрачјето на СВР Скопје, беше спроведeна акцискa контрола, со цел спречување на трговија и употреба на пиротехнички средства.

Од страна на Единиците за внатрешни работи во соработка и содејство со Државниот пазарен инспекторат извршени се 10 контроли на пазари, додека самостојно се контролирани осум пазари.

Воедно, извршени се контроли и на два парка, пет трговски центри, пет раскрсници и седум маркети, при што се пронајдени и одземени над 1000 парчиња пиротехнички средства, сите на Бит Пазар.

Од преземените дополнителни мерки и активности на наведените локации, констатирани се вкупно 62 прекршока од Законот за заштита на населението од заразни болести.