вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Недозволено снимале на Солунска Глава, приведени три лица

Недозволено снимале на Солунска Глава, приведени три лица

На 09.09.2023 во 17:15 часот над село Црвена Вода, скопско, полициски службеници ги лишиле од слобода А.И.(49), Г.В.(48) и Л.Б.(50), сите од Гостивар, кои се превезувале во патничко возило „тојота ленд крузер“ со гостиварски регистарски ознаки, постапувајќи по пријава според која со дрон, кој бил пронајден кај нив, вршеле недозволено снимање на Солунска Глава.

Лицата се предадени на полициски службеници во Полициска станица Драчево за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следува поднесок.