На 08.10.2022 во 15:30 часот В.М. од с.Соколарци – Општина Облешево пријавил дека додека работел на реконструкција на локалниот пат Скопје–с.Арачиново, во дол крај патот кон селото забележал неексплодирана топовска граната.
Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото, а од страна на Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната за понатамошна постапка.