четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Нема повредени лица: Во пожар гореа два автомобили во Скопје

Нема повредени лица: Во пожар гореа два автомобили во Скопје
илустрација

На 07.05.2023 во 01:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Благоја Паровиќ“ во Скопје настанал пожар во патничко возило „опел мерива“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ш.Е.(34) од Скопје.

Од пожарот било зафатено и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.Н.(48) од Скопје, кое било паркирано до возилото „опел“.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Увид бил извршен.