петок, 2. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Неофицијално: Има загинати во сообраќајката на патото Охрид – Кичево

Неофицијално: Има загинати во сообраќајката на патото Охрид –  Кичево

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на магистралниот пат Охрид – Кичево кај селото Врбјани, поради што сообраќајот се пренасочува кон новата делница од патот. Километарски колони возила чекаат на патниот правец од Охрид кон Скопје и во обратна насока.

На местото на несреќата пристигнале две возила од брзата помош, а очевидци за Скопје Инфо јавуваат дека има и загинати. Со возила на Итната медицинска помош биле однесени загинатите и повредените.

Полицијата се уште врши увид во сообраќајната незгода.

Фото: Слободен печат