сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Незапаметена драма: Прво го испрскале со спреј, потоа му ја демолирале колата и го нападнале со нож

Незапаметена драма: Прво го испрскале со спреј, потоа му ја демолирале колата и го нападнале со нож

На 27.08.2020 во 21,00 часот било пријавено дека во Виница, на место викано „Бојаџиски бунар“  Г.П.(28) и А.А.(24) двајцата од Виница, извршиле кривично дело „насилство“, на тој начин што првин Г.П. со спреј-солзавец го испрскал Н.В.(27) од Виница, а потоа А.А. се обидел со нож на расклопување да го нападне. А.А. ја скршил шофершајбната и ја оштетил левата страна на возилото на Н.В..

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Виница. Се работи на расчистување на случајот.